Поголем одзив на гласачките места во Тиквешијата споредено со првиот круг
29-10-2017 РЕГИОН

 

Мирно и без проблеми протекува гласањето во вториот круг од локалните избори во општините од Тиквешијата.  Карактеристика на денешното гласање е поголем одѕив на сите гласачки места споредено со првиот круг.

 

Во Кавадарци до 10 часот гласале близу 5% повеќе споредено со првиот круг, или евидентирани се 14,86% од вкупниот број избирачи 32.706. Во привиот круг до 10 часот гласале 12,56%. До 13 часот излезноста е исто така поголема за разлика од првиот круг. Гласале 39,4% од вкупниот број избирачи или повеќе за околу 5% споредено со гласањето на 15 октомври.

 

Кавадарчани избираат помеѓу двајца кандидати кои обезбедиа пласман во вториот круг од вкупно честворица.

 

Во Росоман до 13 часот гласале 34% од вкупниот број граѓани со право на глас 3.411. И во оваа општина има поголема излезност од околу 8% споредено со првиот круг на гласање. И овде гласањето поминува без проблеми, информира претседателот на ОИК Лазар Симоновиќ.

 

31,08% е одѕивот на гласачките места во општина Градско. За околу 4% поголема е излезноста денеска споредено со гласањето пред две недели.

 

Жителите на Демир Капија и на овие избори со најоглем интерес. До 13 часот според информациите од претседателката на ОИК Стојна Топчиева, гласале 48,91% од вкупниот број избирачи 3404.

А.Д

 

 



Share

Додади коментар