Повторно расте бројот на хоспитализирани во ковид одделот на кавадаречката болница
02-04-2021 РЕГИОН

 За два дена на ковид одделот во кавадаречката болница се хоспитализирани 14 пациенти позитивни на корона вирус, поголем дел од нив на кислородна поддршка.

 

„Во тек на вчерашниот ден во Ковид центарот се сместени 79 пациенти, во стабилна општа состојба. Слободни се 16 болнички кревети“ информира утринава директорот на болницата, д-р Диме Коцев.

 

Вчера во Тиквешијата беа дијагностицирани 61 нов случај, од кои 40 во Кавадарци, 16 во Неготино и 5 во Демир Капија. Починаа две лица од Кавадарци  (50г и 62г) и едно лице од Неготино на 84 годишна возраст.

 

Во Кавадарци од почетокот на пандемијата има 4491 случаи, а  активни 722. Во Неготино од 1948 активни се 391, а во Демир Капија има активни 82 случаи. 

 

А.Д



Share

Додади коментар