Повторно 50 нови позитивни во Тиквешијата - во изолација ученици, деца од градинка
20-11-2020 РЕГИОН

Со несмален интензитет се шири корона вирусот во Тиквешијата. Во центарот за јавно здравје Кавадарци во изминатите 24 часа, заклучно до 13.45 часот се дијагностицирани 50 нови случаи.

 

- Кавадарци 31 на возраст од 2 до 78 години

- Росоман 3 на возраст од 29 до 52 години

- Неготино 14 на возраст од 18 до 63 години

- Демир Капија 2 на 35 и 37 години.

 

„Во денешните позитивни имаме и двајца здравствени работници. Позитивни се двајца ученици, еден од Кавадарци, поради што во изолација се 20 ученици и 2 наставници и еден од Росоман, а во изолација се 22 ученици и 1 наставник. Имаме позитивна и негователка во кавадаречка градинка. Во изолација се ставени 8 деца и 1 негователка. Регистрирано е позитивно дете на корона вирус во градинката во Роосман, поради што во изолација се 11 деца, 2 негователки и една воспитувачка“ информира епидемиолог, д-р Ристе Јовановски.

 

На ковид одделот во кавадаречката болница се хоспитализирани 39 пациенти со средно-тешка клиничка слика. Истите биле во стабилна општа состојба, информираа од болницата. Слободни се 21 болнички кревет.

 

Според информациите од министерството за здравство, заклучно со вчера во Кавадарци има активни 412 случаи, а вкупно дијагностицирани  969 ковид позитивни.  Вчера во Кавадарци се евидентираат и 21 излекуван пациент.

 

Aнгел Данов



Share

Додади коментар