Повредени четири момчиња викендов во Кавадарци
11-11-2013 РЕГИОН

4 момчиња биле повредени во рок од едно деноноќие  викендов во Кавадарци. Информацијата ја потврди началникот на хируршкото одделение при општата болница во Кавадарци, доктор Дано Кулев. Според информациите од докторот, две од момчињата биле посериозно повредени и се здобиле со скршеници на носот а едно од нив било покрај скршеницата имало и потрес на мозокот па било задржано и на болничко лекување во болницата. Останатите по укажаната прва помош и дадената соодветна терапија биле пуштени на домашно лекување. Загрижува вели фактот што се работи за млади момчиња на возраст од 20 до 30 години, кои биле под дејство на алкохол.

 -Јас сум непријатно изненаден, за време на едно деноноќие додека траеше можето дежурство на хируршкото одделение во болницата, примивме дури четворица млади кавадарчани кои се здобиле со повреди при тепачки. Кај сите нив повредени се главата лицето и носот, се работи за контузии, набиеници по лице и глава, огреботини, поткожни хематоми или поткожно крварење-објаснува хирургот.

 Според тоа што го кажале момчињата во болницата, тепачките биле најчесто со удирање на боксеви.

 -И самите не знаат која била точната причина за тепачките. Се работи за различни групи  на млади кои едноставно кажано можат и за ништо да се степаат. Причините кои ги споменуваат се најчесто банални. За девојка, “погледнување накриво”, потиснување, навреда, задевање на нечија девојка. Така без некој посебен повод преку провокација доаѓало до тепачка-кажува Кулев.

 Во полициската станица од општа надлежност во Кавадарци  викендов се регистрирани три нарушувања на јавниот ред и мир за два часа, потврди портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.

 -Во првиот случај сопственик на угостителски објект пријавил тепачка помеѓу повеќе лица пред објектот. Во вториот случај млад кавадарчанец пријавил дека бил тепан од неколку лица со раце и нозе по главата и телото пред сендвичарница. Во третиот случај млад кавадарчанец исто така пријавил дека без повод бил физички нападнат во ресторан. Се превземаат мерки за расчистување на сите овие случаеви, рече Стојковска.

С.Д



Share

Додади коментар