Повреден мотоциклист на ул. „Шишка“ во Кавадарци
29-07-2020 ЦРНА ХРОНИКА
Вчера во 18.00 часот на ул.„Шишка“ во Кавадарци, се случила сообраќајна незгода во која С.З.(51) од с.Сопот, управувајќи мотоцикл „кинки“, со кавадаречки регистарски броеви, изгубил контрола и паднал.
Во незгодата тој се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во болницата во Кавадарци, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на незгодата - информираат од СВР Велес.

Додади коментар