Повреден градежен работник, разбојнички упад во трафика, физички напад...
11-09-2020 РЕГИОН

Вчера околу 18.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека Н.Ј.(37) од с.Глишиќ, кавадаречко, се здобил со тешки телесни повреди додека изведувал градежни работи на објект во с.Ваташа, сопственост на П.М.(60) од Кавадарци. Лицето било пренесено во болницата во Кавадарци. Бил извршен увид на местото на настанот.

 

Утринава во 04.30 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во трафика на ул.„Пано Мударов“ во Кавадарци едно лице со закана со остар предмет од вработената одзело пари. Бил извршен увид на местото на настанот и с епреземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Исто така утринава, околу 03.00 часот во Полициската станица Кавадарци, С.А.(37) од Кавадарци пријавил дека пред угостителски објект во с.Глишиќ бил физички нападнат од Џ.Д.(30) и И.М.(23). По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава.

 

       Вчера  околу 01.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Михајлово во с.Дрен, демиркаписко, кај место викано „Брана“, при контрола на возило „нисан“ со штипски регистарски броеви, управувано од М.М.(44) од Штип, во кое како сопатници биле Г.И.(31) од Штип и Т.Л.(45) од Демир Капија, пронашле ловечка пушка и рибарска опрема за криволов. Лицата се лишени од слобода и против нив ке биде поднесена соодветна пријава.

 

                                     

На 10.09.2020 во периодот од 08.00 до 13.00 часот на територијата на СВР Велес извршена е контрола на возила кои вршат непрописно пристигнување, при што се констатирани седум прекршоци од кои три во Велес, еден во Кавадарци и три во Неготино - информираат од СВР Велес.

 

                                     

          



Share

Додади коментар