ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ГРАЃАНИ ВО ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА
07-08-2016 РЕГИОН

Согледувајќи ја состојбата во поплавените подрачја каде во овој момент се наметнува потреба за обезбедување на дополнителни количини на вода за пиење и средства за хигиена, за населението,  општината Кавадарци и градоначалникот утре (понеделник 08.08.2016г) на градскиот плоштад во времето од 10:00 до 13:00 часот организира хуманитарна акција за прибирање на помош за настраданите жители од поплавените подрачја во Скопје и тетовско.

 

Градоначалникот и Општината ги повикуваат сите хумани граѓани кои сакаат да помогнат, своите донации да ги достават на пунктот на градскиот полштад во Кавадарци.

 

Нашата скромна помош, за настраданите од невремето и пороите во овој момент ќе значи многу - се вели во известувањето од Службата за односи со јавноста при општина Кавадарци.

 



Share

Додади коментар