Повеќе проекти за повеќе европски пари за општините
08-02-2016 РЕГИОН

Заменик министерот за локална самоуправа Љупчо Пренџов со градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов ја разгледуваа можноста општината да изготви што повеќе проекти за прекугранична соратботка, а со тоа да се обезбедат повеќе пари за општината со кои ќе се подобруваат условите за живот на кавадарчани. Пренџов при денешната посета на Кавадарци рече дека не е задоволен од процентот со кој се користат европските пари . Оптимист е дека во наредниот период со поголемо залагање на општините искористеноста ќе се зголеми до 95% од парите што ги дава Европската Унија за прекугранична соработка.

 

„Ние  како министерство сме кооридинатор на сите прекугранични соработки што ги оствартуваат општините и планските региони во државата. Му ги предочив сите поволности на градоначалникот кои што ги нуди таа прекугранична соработка . Вкупната вредност на новиот повик за прекугранична осработка е 20, 5 милиони евра, а вкупниот програмски период е некаде околу 42 милиони евра. Ова е прв повик за наредниот пет годишен период. Досегашнната реализација е 85%. Како заменик  министер не сум задоовлен од тој процент и сметам дека со Грција треба да имаме повеќе од  95% искористеност на средствата,  односно да дојдеме до нивото на искористеност  кое го имаме со Република Бугарија. Инаку имаме 4 приоритетни теми на оваа соработка, вработување и мобилноста на работа. Она што е многу важно за Кавадарци тоа е културното наследтство за привлекуње на што е можно повеќе туристи во Тиквешкиот регион. Третата тема е патната инфраструктура и подобрување на меѓусебната поврзаност меѓу општините.  И она што е многу важно за сите нас за 21 век е заштита на животната средина  и климатските промени. Право на учество имат сите НВО и непроифитни организации, општините, ЦРВПР, сите детски градинки, основни средни училишта и здравстевни домови. Општина Кавадарци е многу силна,  мобилна општина и е лидер во овој тиквешки регион. Имаат спремени 4-5 проекти кои веќе ќе се аплицираат и разговаравме за можноста да се прошири таа листа на проекти и за тоа да аплицираме со повеќе проекти за рамномерен регионален развој каде што владата даде 300 милиони денари буџет, односно буџетот за две години е зголемен за пет пати“ рече заменик министерот Пренџов.

 

Градоначалникот Панов е задоволен од денешниот работен состанок со заменик министерот за локална самоуправа. Искажа благодарност за новините кои им ги презентирал со цел Кавадарци во наредниот период да подготви поголем број на проекти.

„Ни даде квалитетни информации околу влечењето  на што е можно повеќе пари и не запозна со некои идни случувањња за реализација на дополнителни проекти на локалната самоуправа. Го запознав со проектите кои ги имаме, со кои аплицираме и за сите идни проекти кои можеме да ги аплицираме,  а во себе кријат можности за подобрување на условите на сите кавадарчани“ рече Панов.

Aнгел Данов



Share

Додади коментар