Повеќе лица повикани во полиција во Кавадарци поради организирање изборни нерегуларности
17-07-2020 РЕГИОН

Повеќе лица од Кавадарци вечерва се повикани во полициската станица,  поради сомнежи за организирање изборни нерегуларности. Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски ја потврди информацијата за КТВ и најави повеќе детали за утре.

 

Според наши неофицијални информации, десетина членови на избирачки одбори, инаку членови на ВМРО-ДПМНЕ наводно, го фотографирале избирачкиот список и го препраќале во вибер група на активисти на партијата. Потоа активистите имале задача да ги изнесат на гласање,  луѓето кои не гласале.

 

Дознаваме дека повиканите луѓе во полиција биле членови на избирачки одбор на гласачко место во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Кавадарци. Фотографирањето на избирачки список е кривично дело исто како и сликањето на гласачко ливче.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар