Повеќе денови кавадарчани дишат загаден воздух
02-02-2021 РЕГИОН
Во континуитет од неколку дена, воздухот во Кавадарци е загаден. Ова го покажуваат податоците од мерењето на амбиенталниот воздух, а се достапни на страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Шест дена PM10 честичките се над дозволените 50 микгрограми на м3.
Вчера општина Кавадарци излезе со препораки до граѓаните, да се користи јавниот превоз, возила да не се користат без поголема потреба. Исто така од локалната самоуправа порачаа да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал.
Поради загадениот воздух надлежните институции исто така апелираат да се ограничат движењата и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.
А.Д



Додади коментар