По трет пат комапнијата „Фени индустри“ денеска ги отвори вратите за да можат граѓаните да се информираат за технолошкиот процес на работа на компанијата. Се одржа отвoрен ден, а денеска присуствуваа жители од селото Возарци, Кавадарци, а имаше гости и од Скопје.
Пред нив се презентираа активностите на комапнијата во делот на општествената одговорност, со акцент на процесната технологија и меркитге за заштита на живтоната средина. Во таа насока беа и прашањата што ги поставуваа присутните до одговорните лица.
“Ги покануваме сите заинтересирани граѓани кои досега немале можност одблизу да се запознаат со нашето работење, да ја искоритат веќе наредната прилика. Секој последен петок во месецот организираме отворен ден, за да воспоставиме блиска комуникација со граѓаните“ рекоа од „Фени индустри“.
На секој нареден отворен ден можат да присуствуваат по 15 граѓани./А.Д
Додади коментар