Претставници на комапниите Кожувчанка, Металекс, Планум, Слога интернационал, Жито Југ, Интер Проект Дизајн, Венито Комерц сите членки на регионалната стопанска комора Кавадарци денеска беа во посета на комбинатот за производство на фероникел во рамки на осмиот по ред Отворен ден. Целта на посетата беше да се запознаат со техничко-технолошкиот процес, напредокот што Фени го има постигнато во изминатите години на повеќе полиња, производство, инвестиции, екологија.
Присутните за сите овие работи од инжинери за животна средина и металурзи беа информирани преку видео презентација, а процесот на производство можеа да го погледнат и при проишетката низ производните погони.
Менаџерот за администрација и претседател на тимот за општествена одговорност во Фени индустри, Борка Петровска истакна дека неодамнешното доделување награди за општествена одговорност, Фени индустри ја добил првата награда во категоријата Етичко управување, за проект во чиј состав е токму оторениот ден.
Од Фени индустри информираат дека сите граѓани од општина Кавадарци, но и од цела држава и понатаму може да се пријавуваат за посета на фабриката. Отворени денови ќе има и понатаму секој последен петок во месецот. Пријавувањето се врши на емаил адресата zivotnasredina@feni.mk.
А.Д
Додади коментар