Плоштадот во Кавадарци ќе добие ново име. Наместо Маршал Тито ќе се преименува во Филип петти. Ова промена е дел од одлуката за промена и определување на нови име на инфраструктурни објекти-плоштад во град Кавадарци за која ќе расправа советот на општината на седницата закажана за во среда.
Ваквиот предлог создаде големо бранување во јавноста. На социјалните мрежи кружат најразлични коментари, дел од нив со конструктивни прдлози за ново име на плоштадот, но има и такви кои ја потсмеваат иницијативата за преименување на плоштадот и ја нарекуваат непромислена и непотребна.
Во одлуката која е на разгледување пред советниците се наведува дека по усвојувањето на истата ќе биде доставена до Државниот завод за статистика и доделување на матичен број за плоштадот. За извршените промени, општината ќе ги информира граѓаните преку средствата за јавно информирање, на огланата табла во општината или на веб страната на општината, стои во одлуката.
Дали советот ќе прифати преименување на плоштадот останува да почекаме до среда кога ќе има расправа од советниците на оваа интересна тема и за јавноста.
А.Д

Додади коментар