Работници во Фени индустри во стечај денеска повторно беа на протести. И денеска го блокираа патот Градско Прилеп. Со нив протестираа и транспортери кои превезувале руда за комбинатот.
Првиот синдикалец во овој комбинат, Ѓоре Палитов пред медиумите кажа дека немало ништо од ветената исплата на двете заостанати плати. Поради тоа работниците ќе протестираат и понатаму, се додека не им бидат исполнети барањата.
Во тешка ситуација се и транспортерите кои вршеа дотур на руда за комбинатот. Тие се пожалија дека немале наплатено за транспортот уште од март годинава, па поради тоа неможеле да ги отплаќаат и кредитите кои ги земале од банките.
„Без пари не се живее. На сите нам ни должат вкупно околу четири милиони евра“ рече претседателот на транспортери од Кавадарци, Трајче Пејовски и нагласи дека трпат загуби месечно од околу стотина илјади евра.
Транспортерите побара брзо решавање на проблемите во комбинатот и вклучување на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
А.Д
Додади коментар