Планинарски марш
11-11-2013 РЕГИОН

Над 100  планинари зедоа учество на меѓународниот традиционален ноемвриски планинарски марш кој викендов се одржа во организација на планинарскиот клуб  “Антигонеа” од Неготино. Маршот беше изведен на планинарската патека од месноста Мушов гроб до селото Мрежичко под планината Кожуф. Сите планинари по завршувањето на планинарската акција имаа заедничко дружење во манастирскиот комплекс “Свети Ѓорѓи” кај Неготино.

 -Имам чест да информирам дека со нашите гости планинари од  планинарскиот клуб “Голија” од градот Ивањица од соседна Србија и официјално се збратимивме со што уште повеќе ја зацврстивме нашата соработка, информираше денес  Ристо Стојанов од клубот.

 Од “Антигонеа на сите планинарски друштва кои со свои претставници учествуваа на маршот и на спонзорите им доделија благодарници. Овој планинарски клуб ги продолжува традициите на бившото планинарско друштво “Просек” од Неготино.

С.Д



Share

Додади коментар