Околу 200 планинари од цела Македонија вчера го искачуваа врвот Орле на Вишешница и на висина од 1514 метри надморска височина.Учествуваа вкупно 9 друштва или две планинарски друштва од Скопје и по едно од Битола, Кичево, Куманово, Гевгелија, Штип, Неготино и домаќинот Кавадарци.
Планинарското спортско друштво Орле ја имаше улогата на домаќин и организатор околу одредување на водичи и успешна реализација на акцијата преку целата маршута. Околу 25 километри минаа вчера планианрите од Македонија за да стигнат до врвот Орле. Убавото и сончево време ги олеснуваше условите низ планина, но само навидум бидејќи топењето на снегот, калта и лизгавите карпи дополнително ги отежнуваа условите, а со тоа и искачувањето.
Неколку паузи, долги стази, тесен предел и прилично опасен завршен дел, останаа голем предизвик пред кој сепак годро застанаа најупорните и секако физички и психички нај подготвените. Само за илустрација, планинарите маршутата ја започнаа од браната на Хец Тиквеш, па преку село Шешково се до врвот на Вишешница.
На Орле му се поклонија гордо 150 планинари. Совладувајќи го успешно вчера планинарите го поставија и рекордот за прв пат во историјата забележаа искачување на орле во една акција со 150 планинари. Ако до вчера врвот важеше за еден од најмудрите со оглед на тоа колку пристапот до истиот знае да е напорен, денес за него може да се каже дека ќе биде вистинска планинарска провокација за останатите кој сакаат да го доживеат. Акцијата за искачување на Орле беше дел од манифестацијата 12 те планинарски врвови во Македонија која ја организира Планинарскиот Сојуз на Македонија.
Mилица Младенова
Додади коментар