Осум планинари од ПСД Орле Кавадарци до 12 ти овој месец ќе бидат дел од акцијата за освојување на врвот Триглав во Република Словенија. Вистински предизвик им претстои на Милан Колев кој ќе биде во улога на водиќ и останатите седумина Панче Тотов, Влатко Димитров, Александар Чадамов, Даница Стојановска, Александар Илиев, Никола Илиев и Александар Атанасов, пред кои стои целта врвот Триглав на надморска височина од 2874 метри. Според официјалната програма нивното пристигнување е во градот Мојстране, а првото ноќевање во Аљажев дом.
Припремата за качување, тргнувањето кон врвот по патека број 3 ноќевање па повторно пипреми за качување и пристигнување до целта предвидува програмата за петок и сабота, а недела кавадаречката екипа се враќа назад.Секој учесник дознаваме е задолжен на медицински преглед и одговорност сам за себе, но за тимот во случајот одговорноста паѓа на терен на водичот професор Милан Колев.Да е челен на ПСД Орле најмалку две години, извршен лекарски преглед со потврда и печат на планинарска книшка, да е психовизички подготвен , да има познавање со опрема која ќе биде соодветна за врвот , да има освоено најмалку два врва повисоки од 2000 метри надморска височина и учесникот да одговара сам за себе се критериумите кој ги прифатило Орле и по кој ги избрало 8 та учесници во акцијата за освојување на врвот Триглав во Словенија.
Милица Младенова

Додади коментар