„Дојде време да и вратам нешто на Македонија. Таа секогаш била моја инспирација. Дојде време да им кажеме дека им дојде крајот. Нашиот почеток е нивен крај“ – ова меѓу другото го рече пред кавадарчани на предизборен митинг кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Горданa Силјановска-Дафкова, барајќи ја нивната поддршка. Се осврна на лошите политики на актуелната власт. Порача дека со нејзиниот избор за претседател државата ќе си го најде европското место, овде во Македонија.
„За да се биде командант на вооружените сили треба да се мерат зборовите. Актуелната власт заборава да ја облечи армијата. Ние таа лекција ја знаеме. Правото и правдата се нашата страна. Ако нашите војници жнеат успеси надвор, мора да им посветиме поголемо внимание. Во советот за безбедност ќе назначам вистински професионалци. Ќе ставам крај на партизираните институции“ рече Силјановска – Дафкова и обвини дека од ЕУ стандардите во земјава стандарди биле само корупцијата и криминалот.
Ја критикуваше власта за промената на името. Кажа дека е против изборот на претседател на државата во собрание, но и бојкотот на изборите според неа не бил решение. Смета дека било лошо цела власт да биде контролирана од една партија.
„Економијата неможе да цвета, ако нема правна држава. Сега европски во Македонија живеат само еден грст луѓе собрани околу власта“ нагласи кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Сите денеска зборуваат за Вардар, а јас сум сигурна дека Стојанче Стоилов нема да рече Северна Македонија – рече Силјановска-Дафкова и додаде дека покрај спортската дипломатија ќе се развива и културна дипломатија, бидејќи некогаш уметноста, филмот, науката, можат да сторат многу повеќе од многу амбасадори и конзули.
Пред кавадарчани се обрати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Побара поддршка за Силјановска – Дафкова, а упати и бројни критики на адреса на актуелната власт. Одговарајќи на транпарентот кој беше поставен пред општинскиот комитет Кавадарци, дека „Гога не е ВМРО-ДПМНЕ“ истакна дека таа била многу поголема вмровка од нив, бидејќи секогаш кога било потребно била на браникот на татковината.
Мицковски пред кавадарчани рече дека е сигурен во победата на претседателските избори, а потоа победа и на предвремени парламентарни избори. Гласот даден за Пендаровски, рече бил глас за Зоран Заев.
„Тој процес започнува со победа на 21 април, потврда на таа победа на 5 мај. А потоа организирање на предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ вечерва предизборен митинг одржа и во Неготино, Демир Капија, а кандидатот за претседател се сретна и со жители на Росоман.
Ангел Данов
Додади коментар