Пешачки патеки пред зградите на булевар „Кочо Рацин“
08-11-2019 РЕГИОН

Деновиве оперативата на кавадаречката фирма „Градба промет“ реализираше проект на општината за партерно уредување на пешачки патеки и пристап пред зградите на булеварот „Кочо Рацин“.


Согласно проектот, претходно на оваа локација се изврши поплочување на тротоар на улицата „Орце Николов“, под хотелот „Уни Палса“ 1, се оформи делница на сообраќаен пристап, а со бехатон плочи се урбанизираше и пристап до влез во зграда.


Од овој простор, претходно се отстраниа лимени гаражи, се расчисти отпад и шут, се кастреше бујна вегетација, се изгради нов паркинг, а се прошири и преасфалтира постоен паркинг, потоа се огради спортски терен и се изврши хортикултурно уредување.


Просторот општината го урбанизира согласно програмата за комунална изградба, а на барање на жителите од овој дел на Урбаната заедница „Кула“ - информираат од општината.



Share

Додади коментар