Петмина нови заболени од Ковид во Тиквешијата
10-10-2020 РЕГИОН

Центарот за јавно здравје Кавадарци денеска евидентира уште пет нови случаи на ковид позитивни во Тиквешијата. Четворица се од Кавадарци, а еден е од Росоман. Заболените се на возраст од 39 до 66 години.

 

„Од новите заболени три се жени, а двајца мажи. Сите имаат симптоми на вирусот. Само еден бил во контакт со позитивен од своето семејство, а останатите не знаат како се заразиле. Сите се на домашно лекување“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

Во моментов во Кавадарци активни се 47 ковид позитивни.

 

А.Д



Share

Додади коментар