Пет нови случаи на корона вирус во Тиквешијата
16-09-2020 РЕГИОН

Пет нови случаи на  Ковид19 се дијагностицирани денеска во Центарот за јавно здравје Кавадарци. Станува збор за три лица од Кавадарци, по еден од Росоман и Неготино. Позитивните се на возраст од 33 до 50 години.

 

„Трите лица од Кавадарци имаат симптоми и биле во контакт со претходно заболено лице. Останатите двајца не знаат како се заразиле. Сите се на домашно лекување“ рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

Во Кавадарци од почетокот на епидемијата се регистрирани вкучно 205 случаи, а активни се 33.

 

А.Д



Share

Додади коментар