Пет нови позитивни случаи на ковид 19 во Тиквешијата
24-08-2020 РЕГИОН
Две лица од Кавадарци и три од Неготино се позитивни на корона вирус, потврдија денеска од Центарот за јавно здравје Кавадарци.
„Лицата се на возраст од 41 до 73 години, сите со лесна клиничка слика. Четворица се мажи и една е жена. Тројца имале контакти со позитивни, а двајца не знаат како се инфицирале. Сите остануваат на домашно лекување“ рече за КТВ, епидемилог д-р Ристе Јовановски.
А.Д
Додади коментар