Позитивното искуство од функционирањето на првиот подземен контејнер резултираше со одлука за нови платформи за подземни контејнери.
Општина Кавадарци и ЈП „Комуналец“ започнаа со реализација на проектот за пет нови подземни контејнери на локации во строгиот центар на улиците „Илинденска“ и „Мито Хаџи-Василев“ .
Првиот ќе се гради пред зградата на водостопанство „Тиквешко поле“, каде започнаа градежните работи.
Во оваа фаза подземни контејнери ќе има и на локациите спроти „Стопанска банка“ на улицата „Мито Хаџи-Василе“, потоа кај сендвичарата „Мерлин“, кај „Сенатор“ и под „Тутунска банка“ сите на улицата „Илинденска“.
Платформите ќе бидат со различна големина а на нив ќе се постават, дват, три или четири контејнери. Изведувач на работите е фирмата „Mетал Апостолов“ од Кавадарци.
Овој систем на прибирање на смет во развиоените земји е широко распространет и покажува повеќе предности, пред се од екологијата - велат од локалната самоуправа.
Додади коментар