Пензионерите можат да склучат договори за набавка на дрво за огрев со „Македонски шуми“
26-01-2018 РЕГИОН
ЈП Македонски шуми подружница Бор Кавадарци информира дека е постигнат договор за снабдување со огревно дрво на пензионерите членови на здружението на инвалидски пензионери од Кавадарци.
Воедно се информираат пензионерите членови на здружението на старосни и семејни пензонери дека со ова здружение не е постигнат договор за набавка на огревно дрво.
Сите заинтересирани пензионери за набавка на огревно дрво можат да се обратат во канцелариите на „Бор“ Кавадарци за склучување на договори за купување дрва со можност и за плаќање на рати.
Директорот на подружница „Бор“ нагласува дека еден дел од пензионерите веќе склучиле договори.
А.Д
Додади коментар