Педофил напаѓа девојчиња во Скопје
21-05-2013 МАКЕДОНИЈА
Вчера во 15.50 часот на улицата Соле Стојче во скопската населба Карпош 4 педофил нападнал 4 девојчиња на возраст од 7 до 8 години, објави Сител.
Настанот се случил додека девојчињата играле пред влезот од зградата каде дошло непознато лице со откопчани панталони и повлекло за рака едно од девојчињата.
Малолетничките потоа викнале помош и се разбегале по што од страна на родителите е повикана полицијата која тргнала во потрага по напаѓачот, потврдиле за Сител од МВР.
За случајот свои изјави по полициската станица во Карпош дале девојчињата и нивните родители, а полицијата работи на утврдување на идентитетот на напаѓачот.











Додади коментар