Партерно уредување на „Паркот на револуцијата“
23-08-2019 РЕГИОН
Ангажираната оператива на фирмата „Пирамид билдинг“ од Скопје започна со реализација на проектот за партерно уредување на дел од „Паркот на револуцијата“.
Проектот во оваа фаза опфаќа санирање на пристапните скали од улицата „7ми Септември“, како и поплочување на патеката од скалите до спојот со улицата „Борис Кидрич“.
Целокупната површина се уредува со бехатон коцки, за кои најпрвин се поставија рабници како и тампон.
Со овој проект општината ќе санира значен дел од пристапот и патеките до најниското плато на паркот, каде значаен број граѓани минуваат дел од времето во одмор и рекреација.
Додади коментар