Парични казни за тројца полицајци поради несовесно работење
25-03-2015 РЕГИОН

Казнети се тројца полицајци од велешкиот сектор за внатрешни работи.  Заработиле парични казни оти несовесно работеле. Откако министерството за внатрешни ги осомничило за повреди во работењето, спровело дисциплинска постапка. Така инспектор за криминалистичко технички увид не го почитувал законот за оружје. Самостоен инспектор за економски криминалитет пак не ги почитувал правилата и прописите на МВР. Парична казна заработи и помошник командир од полициската станица за општа надлежност. Дисциплинската постапка на МВР утврдила дека командирот повикал лице на распит ама не изготвил службен материјал за извршениот разговор..

Велешки полицајци беа казнети и минатиот месец.. По спорведена дисциплинска постапка од министерството за внатрешни работи, параични казни заработија петмина службени лица вработени во секторот за внатрешни работи..

Внатрешната контрола на министерството утврдила дека тие не ги извршувале работните обврски. Така двајца од казнетите наместо на полициска должност седеле во угостителски објекти.. Други двајца пак не се појавиле на марш кој бил задолжителен. Еден заработи парична казна оти дисциплинската комисија утврдила дека велешкиот полицаец постапил неодговорно кон дадената задача..

Парична казна заработи и полицаецот кој од невнимание испука куршум кон општинската зграда. Во писменото соопштение објавено на интернет страницата на МВР пишува дека велешкиот инспектор невнимателно ракувал со службеното оружје ама не расфетлил и голем број кривични дела.

Инаку од министерството за внатрешни работи не ги откриваат сумите со кои се казнети полициските службеници.

 

Зоран Јаневски 



Share

Додади коментар