Со воздухопловни активност денеска заврши воената вежба „Македонски блесок 9“, а притоа, Армијата на Република Македонија и општина Неготино заокружија, според нив, одлична соработка.
Градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов, којшто заедно со припадниците на АРМ леташе во радиус од околу 60 километри околу Тиквешијата, високо ја оцени способноста на македонската војска и рече дека функционира според сите НАТО стандарди.
Од денешната цивилно-воена соработка задоволство изрази и полковникот при воздухопловната бругада на АРМ, Кире Колевски. Тој рече дека летот кој денеска го реализираа е завршување на вежбата „Македонски блесок 9“, но и продолжување на соработката со општината.
Инаку, активностите од воената тактичко-теренска вежба „Македонски блесок 9“ се извршуваа на армискиот полигон Криволак, а траеја од 14-ти до 18-ти октомври. Сите вежби се изведуваа реално, со боева муниција.
Е.Д.
Фото: В. Карловиќ
Додади коментар