Панов: „Проектот за зонско паркирање е чист“
07-07-2016 РЕГИОН

За градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, обвинувањата од опозицијата дека проектот за зонско паркирање е штетен за граѓаните,  се обично замајување на јавноста од советникот Горан Белевски и СДСМ. Тој тврди дека постапката се спроведувала согласно законските прописи и за зонското паркирање била изготвена документација и анализи.

 

„На прес конференцијата на СДСМ беа изнесени безброј небулози и невистини  и тоа од едноставна причина, Кавадарци да нема организирано паркирање што беше идеа од самиот почеток. Сметав дека СДСМ ќе имаат проактивен однос по овој проект  и затоа беа членови на комисиите, со цел да обезбедиме транспарентност. Нивниот концепт подразбира приоритет на јавните претптријатија, концепт кој не е успешен, за што доказ е струмичкото комунално претпријатие“ рече Панов и нагласи дека целата студија за јавно приватно партнерство и сите дописи на заинтересираните компании ќе биле поставени на општинскиот сајт.

 

Според Панов, ноторна лага било тврдењето на СДСМ  дека ќе се плаќаат 300 денари  за еден или  500 денари за два автомобили месечно. Тоа било годишен, а не месечен надомест.    А.Д



Share

Додади коментар