Панов: „Младоста е движечка сила на секое општество“
18-05-2016 РЕГИОН

Почитувани Матуранти,

Нека ви е честито матурирањети и со среќа зачекорувањето во полнолетството

Сега, кога влегувате во светото на возрасните, насочете го вашиот младешки потенцијал кон позитивните вредности. Пред се во личното обликување во корисен член на општеството кое заеднилчки го градиме.

 

На крстосницата од животот немојте да ги заборавите традиционалните вредности: семејството, културата и добрата воља меѓу луѓето. Тие ве оплеменуваат и ви помагаат многу поуспешно да се справите со предизвиците на животот во кој што зачекорувате.

Младоста е движечката сила на секое општество. Младите се нередната генерација кавадарчани, македонци, промотори на нашиот културен, економски и политички развој. Авангардата и пркосот.

 

Овие вредности јас Александар Панов и Локалната самоуправа целосно ги почитуваме, а тие се врвен приоритет и во работењето на општина Кавадарци.

Образованието нека ви биде цел. Бидејќи само образована младина и продуховен народ ќе можат да одговорат на барањата на новото време.

 

Изборот пред кој сте исправени е Ваш и личен.

Појдете по патот на знаењето, бидејќи така ќе си обезбедите моќ и подобар живот. Само добро наобразуван млад човек може многу поуспешно да се вгради себе си во заедничката цел: подобра Македонија и просперитетно Кавадарци.

Но ! секогаш имајте ја на ум девизата „Знаењето е сила,знаењто е моќ”.



Share

Додади коментар