Панов се сретна со амбасадорот на Италија и заменик амбасадорот на Унгарија
08-05-2015 РЕГИОН

Кавадарци има одлична соработка со градот Бјела од Италија во делот на образованието. Таа соработка континуирано се продлабочува, а се прават напори и за поголема економска соработка. Ова меѓу другото беше истакнато по денешната средба на градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов со амбасадорот на Италија  Ернесто Масимино Белели.

„На последната средба со амбасадорот на Италија договоривме соработка меѓу две училишта која што претходно е реализира со посета  на ученици во Кавадарци од Бјела, а  годинава, пред еден месец наши ученици беа во Италија да научат и копираат нешто од добриот систем на образование и воспитување во Италија.  Ја истакнав мојата желба ова соработка да продолжи . Да направиме напори изучувањето на италијанскиот јазик да биде и во средно образование,  за да не ги хендикепираме овие деца кои досега учеа  италијански јазик. Посебно ми е чест што мојата ќерка одбра да изучува италијански јазик. Сега покрај анлискиот, во мојот дом се разбира и говори и италијнскиот јазик.“ рече градоначалникот Панов.

Амбасадорот на Италија е задоволен од досегашната соработка со Кавадарци во делот на образованието  и најави дека ќе се залага за посилна соработка на економски план.

“Градоначалникот на Кавадарци е доста активен градоначалник и се залага за имплементација на италијанскиот јазик покрај во основните  и во средни учлилишта. Италијанскиот јазик веќе се изучува на универзитетите во Македонија.

Веќе имаме италијански комапниии во Кавадарци. Но сакаме да ја згоемиме соработката со Кавадарци и во другите полиња.Зборувавме и за тоа што може да предизвика политикчкатга нестабилност во поглед на инвестициите. Исто така ние продолжуваме да инвестираме и покрај нестабилноста. Италија е главниот економски соработник на Македонија и затоа сакаме да ги зголемиме нашите инвестиции во  Македонија. Винариите кои произведуваат вино во Тиквешијата ги купуваат италијанските машини, така е и во земјоделскиот сектор.  Добро е кога имаме некоја голема инвестиција, но кога си оди таа инвестиција  остава големи последици. Подобро е да имаме повеќе мали инвестиции, со цел да се стабилизира економскиот систем во државата. Добро е кога ќе им се понуди на граѓаните да избираат меѓу повеќе работни места, а тоа е слично и на италијанскиот систем“ рече неговата екселенција амбасадорот Ернесто Масимино Белели.

  Кавадарци има воспоставено пријателски односи  со градот Мор од Унгарија. На денешниот прием во кабинетот на градоначалникот  Панов беше и заменик амбасадорот на Унгарија Ѓула Сомоѓи.

“Ова ми е прв пат во Кавадарци, импресиониран сум од развојот на оптштината и на градот и активноста на градоначалникот. Имаме многу добра соработка со Кавадарци и имаме основано пријателски односи со градот Мор“ рече Сомоѓи.

Градоначалникот Панов очекува соработката со градот Мор од Унгарија да се продлабочува и Кавадарци да има побратимски град од оваа земја.

„ И сега со заменик амабасадорот ја истакнав определбата да имаме побратимски град од Унгарија односно соработката што ја воспоставивме со Мор да се подигне на многу повисоко ниво. Прво култуирно поврзување, едукативно поврзување, а на крајот и секако поврзување како вински региони. Ние го пробавме нивното вино, а ние нивото. Можеме да направиме промена во квалитетот на нашето вино за да се продава на нивниот пазар, а тие да променат нешто за да го пиеме и ние нивното вино.“ нагласи Панов

Ангел Данов



Share

Додади коментар