Панов: “Ако не се постигнеше договор ќе имаше проблем со пласманот на грозјето'
30-08-2016 РЕГИОН

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов смета дека договорот кој беше постигнат меѓу лозарите и винарите за откупните цени на винското грозје можеби не е најдобар, но доколку и лозарите и винарите останеле на своите тврди позиции ќе имало проблем со пласманот на грозјето.

 

Еве дел од коментарот на градоначалникот по однос на ова прашање, а во целост интервјути ќе го гледате во емисијата ТВ објектив утревечер (среда) од 21 часот на програмата на регионалната КТВ.

 

Панов говори за манифестацијата Тиквешки гроздобер, комуналната изградба и подготвеноста на училиштата за стартот на новата учебна година. Тој го изнесе својот став и околу процедурата за промена на името на градскиот плоштад во Кавадарци.   А.Д

 

 



Share

Додади коментар