Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ денеска од споменикот на стреланите 12 ваташки младинци потсети за овој ѕверски чин што го изврши бугарскиот фашистички окупатор на 16 јуни 1943 година.
„Конечно, сосема на крајот, денес не случајно го избравме овој ден. Луѓе ме прашуваат, зошто Александар ние денеска, кога настанот е 16 јуни, зошто ние денеска се собираме кај овој споменик? Одговорот е, денес на 4-ти април, по случај на нештата, во Република Бугарија имаат парламентарни избори. Ги знаеме нивните хегемонистички и шовинистички аспирации. Ние, повторно ќе кажам, сме народ кој што простува, но не заборава. Оттука бараме, како ВМРО-ДПМНЕ, да им честитаме на изборот, кој сакаат нека го изберат, нека им е со среќа кој и да е. Ако е Бојко Борисов, Бојко Борисов, кој и да го изберат нивни иден лидер да биде. Меѓутоа, му советуваме, ако веќе устата им е полна со добрососедство, прво нешто што треба да направи за подадена рака кон Македонија, да дојде, да се поклони овде и да се извини на семејствата и на цел македонски народ за ова злодело кое што го имаат направено. Тоа е во знакот на европските традиции, тоа е Европа и во таква Европа ние сакаме да одиме. Во Европа во која што ние сме бришени, во кој што некој се обидува преку Мила Царовска, она што го прави сега Зоран Заев, да ни ја избрише нашата македонска историја, да ни го избришат коренот, јазикот и историјата, тоа ние нема да го дозволиме “ рече меѓу другото во своето обраќање пред присутните во Моклиште, пред споменикот на 12 сте ваташки младинци Александар Панов, претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ.
Додади коментар