ОЈО Кавадарци поведе истрага за силување против косовски државјанин
07-05-2020 РЕГИОН

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против државјанин на Косово со престојувалиште во Росоман, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување од член 186 став 5 в.в. став 2 од Кривичниот законик.

 

Осомничениот, кој бил вработен како овчар, на 2 мај, во овоштарник во атарот на Росоман, со употреба на сила извршил друго полово дејствие врз 17-годишно момче. Момчето за да се одбрани го удрило осомничениот со бокс, по што тој се тргнал и го напуштил местото.

 

Осомничениот не е достапен на органите на прогонот, а по предлог на надлежниот јавен обвинител, Судот во отсуство определи мерка притвор во траење од 30 дена. Мерката ќе започне да се спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.



Share

Додади коментар