Се поставуваа рабници покрај коловозните ленти и на формирање на кругот од новиот кружен тек на раскрсницата на улицата „Блажо Алексов“ со Булеварот „Видое Смилевски“ – информираат од прес службата на општина Кавадарци.
Со овој зфат се формираа граничните линии и се оформи ликот на третиот современ кружен тек во Кавадарци. После ова ќе следат завршните работи од изградбата на ова современо сообраќајно решение со асвалтирање на коловозните ленти и хортикултурно уредување.
Од изградбата на овој кружен тек општината очекува создавање услови за побрз проток, како и зголемена безбедност во одвивањето на сообраќајот во овој фрекфентен дел од градот кој претставува влез во Кавадарци од источната страна од правецот на Неготино и автопатот Е- 75.
Од општината информираат и дека е пробиен крак од улицата „Галишка“ до спојот со „Западен булевар“ на кривината кај градските гробишта.
За нејзино пробивање беа изведени земјени работи со багер за чистење, пробивање, планирање и валирање. Притоа се изврши ископ на 750 м3 земја и се оформи улица со широчина од 3,5 метри во должина од нешто повеќе од 100 метри.
Општината се реши на овој чекор на барање од жителите кои и досега ја користеа оваа земјена делница од улицата, која не беше пробиена согласно градежните стандарди. Таа беше тесно грло кое граѓаните масовно го користеа скратувајќи го патот до своите домови.
Во оваа фаза од проектот општината им обезбеди поширока и израмнета улица.

Додади коментар