Официјализирана соработката помеѓу „Тиквешки вински пат“ и италијанско-македонската стопанска комора
03-08-2016 РЕГИОН

Делегација предводена од претседателот на италијанско-македонската стопанска комора Енрико Петрела и  директорот на фондацијата „Тиквешки вински пат“ Виолета Јанкова денеска  имаше работна средба со градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов. Беше искажана подготвеност за соработка во делот на стопнатвото и туризмот.

 

Инвеститор од Италија е заинтересиран за отворање на фабрика за производство на против пожарни апарати, за што општината ќе  бара соодветна локација или веќе постоечка хала. Фондацијата „Тиквешки вински пат“ потпиша договор за соработка со италијанско-македоснката стопанска комора.

 

Градоначалникот Панов искажа подготвеност за помош од локалната самоуправа за реализација на планираните проекти.

„Повод за денешната средба е потпишувањето на договор помеѓу Тиквешки вински пат со седиште во Демир Капија , претставувано од нашата сограѓнка Вики Јанкова. Како резултат на нејзината интервенција се реализира денешната средба,  која отвори многу теми поврзани со бизнисот и со интересот на италијанското стопанство во Република Македонија. Разговаравме за неколку теми. Главно се сведува на тоа да бидеме логистика во делот на изнаоѓање на адекватен простор за лоцирање на италијанска инвестиција во Кавадарци. Ова се само првични разговори се надевам дека ќе биде во Кавадарци некоја идна инвестиција. Ќе разговараме и за виното и туризмот и за се она тие што имаат интерес како стопанска комора“ рече Панов.

 

Директорот на „Тиквешки вински пат“, Виолета Јанкова искажа благодарност за приемот кај градоначалникот и  подготвеност за нова 

успешна соработка со италијанско македонската стопанска комора.

 

„Ние со господин Петрела соработуваме од минатата година во областа на туризмот, останатото ќе биде преку регионалната стопанска комора и градоначалникот. Се надевам дека ова ќе биде почеток на успешна соработка. Со Италија имам долгогодишно искуство. Музејот за вино во Неготино од 244 м2 е направен со италијански финансии. Имаат финансирано и  археолошки истражувања во Стоби. Се надевам дека во тој мој домен каде што е туризмот и едукацијата во туризмот ќе воспоставиме одлична соработка со комората“ нагласи Јанкова.

 

Претседателот на италијанско-македонската стопанска комора Енрико Петрела нагласи дека со потпишувањето на договорот за соработка со „Тиквешки вински пат“ и со средбата со градоначлникот се отвора пат за соработка особено во делот на енолошкиот туризам.

 

„Со голем ентузијазам се среќаваме со градоначалникот,  кој преку еден територијален маркетинг ќе ни овозможи да стапиме во контакт со потенцијални партнери - претприемачи во Македонија. Освен тоа што планираме да реализираме проекти во делот на безбедност, ние особено сме заинтересирани за развој на проекти од религиозниот, ено-гастрономскиот, културолошкиот туризам, односно сето она што е поврзано со вашата храна и вино, но и бројни проекти во делот индустријата. Средбата со градоначалникот ќе ни овозможи да се запознаеме со можностите што ги нуди оваа теритроија, но исто така и географската поставеност, близината со Грција и Игуменица која била значаен пункт за транспорт кон Италија„ рече Петрела и информира дека претставник на македонско-италијанската стопанска комора во Македонија е Горан Стојановски, а досега имале добиено подршка за остварување на планираните проекти од македонската влада.  Комората која ја претставува е призната институција, рече Петрела, од италијанските министерства за економски развој и за надворешни работи, како и од здружението на стопански комори на Италија, „Унион трејд Итали“’.

 

„Целта на нашите проекти би се однесувала кон економски бенефит и места за вработување на населението во Македонија“ подвлече Петрела.

 

Ангел Данов

 



Share

Додади коментар