Откриени алкохолизирани возачи во Кавадарци, Велес и Неготино
04-03-2019 РЕГИОН

Вчера и завчера  на подрачјето на СВР Велес е спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

 

Во Велес се регистрирани седум прекршоци, Кавадарци девет прекршоци и Неготино два прекршока, или вкупно 18 прекршоци на возачи кои управувале под дејство на алкохол.

 

На сите возачи им се издадени Мандатни платни налози за сторениот прекршок и истите се отстранети од сообраќај.



Share

Додади коментар