Група од 19-мина мигаранти од сирија синоќа е откриена во Велес. Пронајдени се во патничкиот воз кој сообраќал на релацијата Гевгелија – Скопје. Редовната полициска контрола при проверката на возот во велешката железничка станица ја открила групата која сакала да транзитира низ земјава.. Мигрантите веднаш биле симнати од возот.. Распитот на полицијата открил дека сиријците поседуваат возни билети, а крајната цел им биле западноевропските земји. Сиријците изјавиле дека во држвава влегле преку грција. Поради ова, 19мината мигранти повторно се вратени на грчка територија.
Во период од две недели, животот го загубија седуммина мигранти кои пеш се движеа по пругата.. Поради ова, бегалците од државите на блискиот исток сега транзитот низ земјава го заменија со патување со воз..
За неполна недела ова е втора група мигранти кои се откриени на станицата во велес.. На 19-ти ноември група од 20-тина луѓе беше откриена во патничкиот воз кој во утринските часови се движел на релацијата Гевгелија – Скопје.. Откако биле симнати од возот, побарале азил во земјава..
Зоран Јаневски

Додади коментар