Првата вонредна седница на Советот на општина Кавадарци која требаше да се одржи денеска на ден 02.04.2014 год. со единствена точка на дневниот ред: „Одлука за распишување на референдум по однос на прашањето за загадувањето во општина Кавадарци“ е откажана.
Советот на општина Кавадарци ја информира јавноста дека во законски дозволениот рок, 10 април ќе поднесе жалба против Решението на Министерството за животна средина и просторно планирање со кое на компанијата „Фени Индустри“ и се дозволува зголемување на процентуалното учество на горење на гума во рото печката од 15% на 25%.
-Советот ќе изготви Жалба со посредство на општинската администрација и експерт по еколошко право.
По поднесувањето на жалбата Советот на општина Кавадарци ќе предложи План, за правни мерки - Граѓанска иницијатива, собирање потписи, како и стратегија за усогласено дејствување на Советот, Општината и Невладините организации, во борбата против загадувањето и зачувување на животната средина.
Откажувањето на седницата не значи дека Советот се откажува од Борбата против загадувањето. Напротив таа продолжува. Како потврда за тоа се и донесените ставови и заклучоци од Комисијата за екологија која се одржа вчера и денес непосредно пред закажаната седница, стои во официјалното соопштение од претседателот на советот, Горица Пеливанова-Вилхелм.

Додади коментар