Во Свети Николе денеска беше отворен еден од најсовремените центри за оранжериско производство на Комапнијата Балкан Грин Хаус. ВО овој хорти центар во кој се вложени 1,5 милион евра е применува врна технологија, базирана на научни достигнувања и применето истражувањр, а истовремено ќе се спроведува специјализирана обука на кадри за едикасно управување со системите на производство.
На свеченото отворање на овој хорти центар присустуваше и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Михаил Цветков кој нагласи дека Република Македонија има природен потенцијал за квалитетно земјоделско производство, кое со примена на напредни технологии, современи техники и знаења ќе даде позитивни резултати. Како што нагласи Цветков, изградбата на современи расадници за производство на здравствено исправен расад за градинарски култури е еден од важните приоритети во стратегијата за земјоделство и рурален развој во наредниот седумгодишен период.
Благодарение на поволната клима, богатите природни ресурси и долгогодишното искуство во производството, земјоделието е важна гранка во македонската економија. Земајќи ги во предност овие услови, Балкан Гринхаус гледа можности и потенцијал за развој на секторот за оранжериско производство. Крајната цел на компанијата е да се подигне хортикултурата на Балканот на повисоко ниво.
Оваа инвестиција ја поздрави и амбасадорот на кралството Холандија во Македонија Јооп Шеферс и ја нагласи успешната соработка помеѓу Холандија и Македонија.
Градоначалникот на Свети Николе,Зоран Тасев, рече дека општината располага со земјоделско земјиште и е отворена и за нови вакви и слични инвестиции. (повеќе во видео изданието на вестите)
А.Д
Додади коментар