Отворен ден со земјоделците од Неготино
22-09-2015 РЕГИОН

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од четвртокот 17 септември, па се до 17 декември годинава продолжува со отворените денови во рамки на проектот „ Отворени денови со земјоделците “ на кои ќе посети нови 100 места низ Македонија и ќе остварува директни средби со земјоделците.

 

Според предвидената агенда, денес отворен ден со земјоделците ќе има во општина Неготино. Првата средба ќе се спрoведе во селото Тремник со почеток од 19 часот, а еден час подоцна средба со земјоделците ќе се одржи во Неготино со почеток од 20 часот. На средбите ќе присуствуваат раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство -Неготино, директорот на Агенцијата за поддршка и развој на земјоделието, првиот човек на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, како и други стручни лица од областа на земјоделието.

 

Најголем дел од местата кои ќе се посетат се нови, но има и такви каде била побарана повторна средба за презентирање на некои проекти кои се опфатени со Програмата за развој и средства кои се на располагање во трите мерки од ИПАРД. Во првиот циклус на отворените денови во август годинава претставници на Министерството, Платежната агенција и Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството посетиле 102 населени места ширум Македонија каде имале директни средби со повеќе илјади земјоделци кои им ги изложиле своите проблеми. На оваа средба се покануваат сите заитересирани земјоделци од општина Неготино да дојдат и поразговараат за актуелните теми и проблеми со кои се соочуваат.

М.А

 



Share

Додади коментар