Дел од старите занаети изумираат ,некои ги нема повеќе ,но во последно време занаетчиството добива нов сјај и се повеќе млади луѓе за занимааат со оваа дејност. Таков е ставот на комората на занаетчии кои денеска во Велес одржаа „отворен ден на занаетчиство“.
„Денеска во овој простор се изложени ракотворби кои ги изработија занаетчиите. Ние се одлучивме за грнчарството како белег на градот и за народните носии „вели Златко Леов прет. на регионална комора на занаетчии.
Денешнот отворен ден е завршна фаза од проектот „инфо работилница“ кој комората во четири фази го реализира со Вардарскиот плански регион во Велес ,Кавадарци и Неготино.
„Прво почнавме со обуки на членките кои се во рамките на регионалната комора ,потоа отидоме во Агенциите за вработување во оие три градови и на неработените им објаснивме кои се поволностите кои државата ги нуди за започнување бизнис со занаетчиство и на крај бевме во училиштата. Последната активност е овој отворен ден„вели Марко Колев директор на Центар за разој на Вардарски плански регион.
Училиштата кои во својата наставна програма имаат допирни точки со занаетчиството се дел од проектот. Тие денеска пред граѓаните заедно со регистрираните занаетчии ги презентираа нивните изработки.
„Ние изработивме роботи на часоите. Првиот е програмиран да ако насети неволја преку неговите сензори кои му се градени во очите да нападне ,вториот робот е пософистициран и тој може да разликува бои„вели Љупчо Кузмановски ССОУ„Коле Неделковски“ Велес.
Учениците од градов покажале интерес за занаетчиството. Затоа од Центарот за развој на Вардарскиот плански регион Велес дека ќе направат анализа која ќе ја препратат кај надлежните институции околу евентуално отворање на занаетчиски образовни профили.
„Ние ќе направиме една анализа и ќе им ја пратиме на училиштата кои потоа со Министерството за образование треба да одлучат дали мопже да се отворат нови профили„вели Колев.
Германското друштво за соработка со 300 000 денари финасиски го поддржа реализирањето на проектот.
З.Ј

Додади коментар