Отворен ден на Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството
24-03-2015 РЕГИОН

Субвенициите се најинтересна мерка за македонските земјоделци.. Тие за нив најмногу се интересираат велат од агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.. Таа денеска одржа средба со земјоделците од Велес.  Ги презентираше можностите за развој на земјоделството.

 

Според земјоделците, значајна е поддршката која ја нуди агенцијата.. дел од нив купиле земјоделска механизација преку програмата 50-50. Сега се надеваат дека ќе успеат да добијат и европски пари преку програмата ИПАРД.

 

Инаку од агенцијата за финансиска поддршка велат дека е се уште слаб интересот за учество во ИПАРД програмите. Се бара обемна документација која земјоделците најчесто не сакаат да ја обезбедат.

 

Годинава преку европската програма ипард, за македонија се обезбедени 18 милиони евра. Првото пријавување трае до почетокот на мај. Може да се аплицира за модернизација на земјоделските стопанства и вработувачки откупни центри. Инаку новина во овој ипард повик е што наместо досегашните 50 проценти поврат на парите за инвестицијата, поради поплавите кои ја зафатија државата, предвидено е да се вратат 75 проценти од вложените средства.

Зоран Јаневски 



Share

Додади коментар