Отворен ден за средба со градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев
10-11-2017 РЕГИОН
Вчера, градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев оствари средба со 40 граѓани во рамки на отворениот ден.
Од кабинетот на Јанчев информираат дека на средбите се разговарало за проблеми, поплаки и пофалби.
„Градоначалникот Митко Јанчев најави дека ќе биде секогаш тука за граѓаните преку ваквите средби, теренските активности и преку проектот “Мој општинар“ кој ќе биде реализиран за кратко време. Наредниот четврток повторно ќе има приемен ден. Секој граѓанин кој што сака да оствари средба со градоначалникот може да го закажи својот термин во Граѓанскиот услужен центар“ се вели во соопштението од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци.

Додади коментар