Отворен ден во Дрекслмајер за учениците од Кавадарци - запознавање со дуален систем на настава
13-06-2017 РЕГИОН

 

ДРЕКСЛМАЈЕР од септември ќе ѝ посака добредојде на новата генерација на средношколци/практиканти во втора година од Средното индустриско училиште „Киро Спанџов-Брко“ во Кавадарци.

 

Со цел да го доближи моделот на практична настава до сите завршени основци, компанијата во соработка со средното индустриско училиште денес 13. јуни 2017, од 17 до 19 часот организира отворен ден во просториите на училиштето.

 

Учениците и нивните родители ќе имаат можност да откријат нова перспектива и да се запознаат со концептот на иднината од областа на мехатрониката. Присутните ќе можат директно да ја тестираат автоматизираната опрема, машините и алатките кои ќе бидат изложени во училиштето и преку интерактивни активности да дознаат повеќе за моделот на дуален систем на настава, кој ДРЕКСЛМАЈЕР втора година по ред успешно го спроведува.

 

 

 Целта на отворениот ден е што поголем број на основци да се запознаат со можностите на овој концепт, а додека пак заинтересираните ученици со завршена прва година може да пополнат и пријавен формулар за практична настава во компанијата.

 

Дуалното образование претставува комбинација од теоретска настава во училишните клупи и учење низ практична работа во специјално опремената работилница во рамки на фабриката. Работилницата во компанијата е училница прилагодена со единствена намена за едукативна практична настава каде учениците се стекнуваат знаење од областа на индустриската мехатроника.

 

Покрај новоочекуваната генерација на ученици/практиканти, дваесетина средношколци од минатата година се дел од дуалниот концепт на образование и од следната учебна година продолжуваат со практичната настава во работилницата. Во фокусот на ДРЕКСЛМАЈЕР и понатаму остануваат младите луѓе кои компанијата преку поддршка на образовниот процес го поддржува и нивниот личен развој.



Share

Додади коментар