Основците од Кавадарци утре ќе се натпреваруваат на тема екологија
17-12-2015 РЕГИОН

Во организација на ФЕНИ Индустри, Општина Кавадарци-Подрачно Министерство за Образование и Еколошкото Друштво „Тисовец“ утре во Кавадарци се организира вториот по ред ЕКО-КВИЗ. Натпреварот ќе се одржи во Домот на Културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци, со почеток во 11ч, а истиот ги опфаќа учениците од петто одделение од сите основни училишта во Општина Кавадарци во чии рамки се и училиштата од селата Возарци, Дреново, Сопот, односно повеќе од четиристотини ученици.

 

Квизот годинава го доживува своето второ издание откако минатата година забележа огромен успех заради постигнатиот едукативен резултат меѓу самите ученици кои демонстрираа висок степен на ангажман и мотивација за стекнување нови знаења на полето на екологија.

 

Самиот проект има за цел зголемување на степенот на еколошка свест, знаење и култура уште од рана училишна возраст, и истиот беше награден со признание за општествена одговорност од страна на Координативното Тело за Општествена Одговорност на Претпријатијата при Министерството за Економија на РМ.

Покрај присуството на челниците на ФЕНИ Индустри, Општина Кавадарци и ЕД „Тисовец“, и оваа година во знак на подршка на овој проект се најавуваат  високи преставници од Министерството за Животна Средина и Просторно Планирање.



Share

Додади коментар