Основана фондација „Никола Јанчев“ во Кавадарци
26-03-2018 РЕГИОН

 „Никола Јанчев“ е именувана фондацијата основана од семејството Јанчеви. Оваа фондација  ќе го продолжи хуманото делување на семејството Јанчеви, кое со децении важи за најголем помагател на сите оние на кои им е потребна помош.


Фондацијата ќе го носи името на човекот кој стоеше зад создавањето на компанијата Кожувчанка ДОО, Никола Јанчев, а за нејзин директор е назначена неговата ќерка, Јанинка Чупаркоска.


Според податоците од централниот регистар, главни цели на Фондацијата се хуманитарни активности преку собирање средства и нивно насочување кон одредени сегменти во општеството, кои се од интерес за пошироката јавност, како што се образование, животна средина, спорт како и едукација на млади од секоја област.



Share

Додади коментар