На хранилиштето за мршојадци на Витачево освен птици грабливци се гостат волци и лисици . За тоа време околните стада со овци се безбедни што значи дека со прехранувањето на мршојадците корист имаа и околните фармери.
Друштвото за заштита на животните „ Аквила“ од Кавадарци веќе три децении се ангажира хранилиштето за мршојадци на висорамнината Витачево да биде активно . Во петокот 31 октомври на хранилиштето беше поставен камера со што се овозможи 24 часовно снимање откако претходно беше однесен труп од свиња набавен од свињарската фарма во Сопот. Снимката од камерата покажа дека за време на тое деноноќие хранилиштето го посетиле 26 белоглави мршојадци во три групи во различни временски периоди од денот. Според изјавата на Емануел Лисичанец два од нив се одбележани во соседна Грција и Србија. Меѓутоа кога мршојадците ќе го напуштат хранилиштето камерата забележа присуство на лисици и волк.
– Се додека волците ја користат храната која ја доставуваме за хранилиштето и сити го напуштаат, околните стада овци се безбедни што значи од прихранувањето не само мршојадците туку имаат корист и сточарите - вели Лисичанец.
Мирјана Мукаетова
Додади коментар