Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот Кавадарци им ја честита Новата година на сите учесници во сообраќајот и им посакува безбедна и среќна 2019 година.
Во честитката се апелира и на внимателно управување со моторните возила за време на празниците.
Предновогодишното расположение е поттик да си поставиме нови цели и да си замислиме желби за Новата година. Тоа што го посакуваме е здравјето да е наш пријател, љубовта наша инспирација, убавите соништа реалност, A тоа што ние ви го посакуваме е секој изминат километар при вашето патување да е безбеден и исполнет со среќа и задоволство.
Ги потсетуваме оние кои ќе патуваат за новогодишните празници, на совесно и одговорно управувањето со своето возило Да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да стигнат на одредената дестинација здрави ,живи и во добро расположение за прослава на новогодишните и божичните празници.
Наша желба е наредната година да биде година со најмал број сообраќајни несреќи и ниту еден загубен детски живот во сообраќајна несреќа. Ќе работиме наредните 365 дена заедно со сите институции задолжени за безбедност во сообраќајот во исполнување на оваа цел Затоа во Програма за работа на советот безбедноста на децата има посебен третман со желба 2019 година да биде среќна и безбедна за сите деца во општината. Ќе организираме многу активности во соработка со училиштата со цел да создаваме правилни и културни навики кај младите за нивно безбедно учество во сообраќајот.
Безбедноста во сообраќајот зависи од секој поединец и од сите нас заедно. Затоа нека во 2019 година и ние бидеме позитивен пример за одговорно учество во сообраќајот, и дадеме придонес за својата и безбедноста на другите учесници во сообраќајот - се вели во обраќањето од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.
Додади коментар