Организирано новата година се дочека и на плоштадот во Кавадарци
02-01-2014 РЕГИОН

Голем број кавадарчани новата година ја дочекаа на градскиот плоштад. Таму имаше организиран дочек. Присутните ги забавуваа локални групи и изведувачи. Организатор на забавата беше домот на културата „Иван Мазов Климе“, а покровител локалната самоуправа.

Бесплатно се точеше пијалаци за пристуните. Точно на полноќ новата година ја означи спектакуларен огномет, а на кавадарчани и останатите гости кои беа во градот на грозјето и виното  им ја честита градоначалникот Александар Панов. Тој им посака среќна и бериќетна година и многу здравје на сите.

 

А.Д



Share

Додади коментар